7 ноември 2019 година, Мелбурн, Австралија – Емилија Лиза Стерјова е избрана за најмлад градоначалник жена на општината Вителси (Whittlesea) во градот Мелбурн, Викторија.
Емилија Лиза Стерјова за првпат беше избрана за советник во Советот на Општина Вителси во ноември 2016 година и е досега најмлада избрана советничка во Советот на општината.
Од ноември 2017 до ноември 2018 година Емилија Стерјова беше заменик на градоначалникот на општина Вителси.
Општина Вителси брои 197.500 жители, годишно се доселуваат по околу 8.000 нови жители. Општината има Совет од 11 советници кои волонтерски ја вршат советничката функција. Советниците се избираат со мандат од четири години, а градоначалникот го избира Советот од редот на советниците за време од една година.
Емилија Стерјова по потекло е Македонка.
Емилија Стерјова се залага за подобрување на транспортната и патната инфраструктура во општината, како и за подобрување на услугите за младите и обезбедување на поголема поддршка на групите и нивните клубови на локалните заедници.
Емилија Стерјова е член на Советот на Фестивалот за народна музика во Вителси, член е на Комитетот на Средното училиште за капелани во Вителси и член на Групата за младинско управување на Вителси.
Емилија Стерјова во моментов е пред дипломирање на студии за право и меѓународни односи во Индонезија.
Светскиот Македонски Конгрес и’ посакува успешно остварување на доверениот мандат.
Превземено од Тодор Петров

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здравјето почнува со добри навики: dm поддржа панел за машкото здравје и понуди dmBio и Sportness закуски на Health & Fitness Forum 2026 во Скопје
Објавен е „Буле и Куле мамкини и таткини“ – роман за младешкиот бунт и светот на возрасните
Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026