БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Вака не треба да функционира едно комунално претпријатие

Пренеси го гласот

До нашата редакција пристигна соопштение од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани во кое се алармира јавноста за несоодветното работење на вработените во комуналното претпријатие во оваа општина.

Истото го пренесуваме во целост:

Соопштение!
Почитувани сограѓани, ценети медиуми!
Мораме да бидеме во тек со сите случувања и затоа ви ги потенцираме проблемите кои упорано се обидуваат од локалната самоуправа да ги стават под тепих. Така е и со претоварната станица и проблемот со Кочанската депонија.

Согласно правната рамка и Законот за управување со отпад, општините се должни да:
1) се грижат за јавната чистота!
2) донесуваат акти со кои ќе го регулираат селектирањето, собирањето и транспортирањето на комуналниот отпад и на другите видови неопасен отпад;

Според законот собирањето на отпадот се врши од страна на собирачи на отпадот со што отпадот се собира од создавачот или поседувачите на отпад и се транспортира до места определени за постапување со отпад.

КЈП наплаќа надомест од граѓаните за собирањето и транспортот на комуналниот отпад!

Пред одложување на комуналнот отпад од Кочани во депонијата, возила на КЈП го истовараат собраното ѓубре во центарот на градот и тоа во близина на домовите и стопанските објекти на граѓаните.
Просторот кој се користи за претоварна станица е во сопственост на Општина Кочани и истиот без никаква дозвола или одобрение се користи за времено одлагање на собраниот комунален отпад. На просторот нема соодветни ознаки, не се врши надзор, ниту дезинфекција.

Жителите на Кочани секојдневно се принудени да ја трпат неподносливата смрдеа од одложениот отпад и да се соочуваат со опасноста од ширењето на заразни болести!
Во моментот во Кочани има прогласено епидемија на жолтица-премногу случајности нели?

Портпарол Гоце Марков
Центар за комуникации на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани

Креирано од:


Пренеси го гласот