Морбилите не се повеќе сериозна закана тврдат лекарите. Во Скопје е создаден колективен имунитет со масовното вакцинирање во текот на епидемијата. Од почетокот на годината досега МРП примиле околу 16 000 деца. Но епидемиолозите предупредуваат – слаб е одзивот во внатрешноста каде сеуште има 10 000 невакцинирани граѓани против мали сипаници.
Епидемиолозите ги поддржуваат препораките на Светската здравствена организација граѓаните да не патуваат во други земји без примена вакцина. Советот на СЗО е патниците да бидат вакцинирани најмалку 15 дена пред патувањето.
Земјите сакаат да се заштитат, не сакаат некој заболен да влезе во земјата и да ја прошири заразна болест, и таа препорака е во ред и затоа е потребен вакциналниот картон, вели Караџовски.
Од Институтот за јавно здравје велат дека епидемијата со морбили стивнува. Минатата недела регистрриале само 10 случаи, од кои дури 9 не биле вакцинирани или имале само една доза од вакцината.
Годинава поради компликации од мали сипаници починаа 4 деца а голем број заболени завршија во болница.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија