БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

EqualXChange vol.5: Лидерите ја потврдија важноста на “Money. Mind. Influence.“ за иднината на бизнисот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Повеќе од 200 лидери од бизнис-заедницата, претприемачи, менаџери и носители на одлуки беа дел од петтото јубилејно издание на годишната конференција EqualXChange vol.5, во организација на Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA, која се одржа во Скопје.

Централната тема „Money. Mind. Influence.“ отвори важни разговори за тоа како компаниите носат одлуки во услови на неизвесност, како се градат ментално отпорни и продуктивни тимови, како да се спречи burnout, но и како лидерството и влијанието директно влијаат врз организациската култура, вредностите и финансиските резултати.

„EqualXChange конференцијата ја започнавме со идеја да создадеме простор за еднаква размена на искуства, знаење и реални бизнис предизвици. Денес, кога лидерите истовремено се соочуваат со финансиски притисоци, потреба од високи перформанси, ментална отпорност и способност да влијаат и водат луѓе, темата „Money. Mind. Influence.“ е порелевантна од кога било. Особено нè радува што конференцијата веќе пет години расте во заедница која покажува дека постои реална потреба од вакви искрени и важни разговори“, истакна Нина Ангеловска Станков, претседателка на GEA и претседателка на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ).

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На конференцијата говореше и Марија Ристовска, раководителка на GEA, која потенцираше дека Алијансата се залага за еднаква плата за иста работа, еднаква застапеност на сите нивоа на мажите и жените и еднакви можности за напредок. Таа истакна дека EqualXChange од инспиративен настан прераснал во конференција за реални и зрели разговори за долгорочни промени во работната култура.

„Еднаквите работни средини не се создаваат преку еден настан или една иницијатива, туку преку континуирана соработка, свесност и заедничка одговорност“, порача Ристовска, заблагодарувајќи им се на компаниите, партнерите и организациите кои ја поддржуваат мисијата на GEA.

Во рамки на воведните обраќања, се обрати и заменик амбасадорката на Шведска, една од водечките европски земји во областа на родовата еднаквост, Елизабет Далберг Фриск, која ја нагласи важноста на инклузивните политики, одржливото лидерство и градењето работни средини кои овозможуваат еднакви можности за сите.

Програмата понуди динамична агенда со 10 keynote презентации, 2 fireside chat разговори и панел дискусијата Finance Talks by EOS, фокусирани на реални бизнис предизвици, современи трендови и практични искуства од различни индустрии. Посебен акцент беше ставен на теми како финансиска писменост и инвестирање, криптовалути и дигитални финансии, важноста на менталното здравје и спречувањето на burnout, психолошката безбедност во тимовите, инклузивното лидерство, преговарањето и влијанието, како и иднината на работата и организациската култура.

Покрај главната програма, конференцијата овозможи и значајни можности за networking и поврзување меѓу учесниците, како и expo сегмент каде компании и партнери ги претставија своите производи, услуги и иницијативи насочени кон развој на современо и одржливо бизнис-опкружување.

Реализацијата на конференцијата беше поддржана од партнери и организации кои препознаваат дека современото лидерство и одржливиот бизнис раст бараат вложување во луѓето, знаењето и организациската култура, меѓу кои PrimeClass.mk како златен партнер, EOS Matrix Македонија и проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија и спроведен од Меѓународната организација на трудот (МОТ) како track партнери, Cosmo Tinex како сребрен партнер и Delight Office Solution како бронзен партнер, како и бројни пријатели на конференцијата.

Јубилејното издание на EqualXChange уште еднаш потврди дека темите како еднаквост на работното место, финансиска писменост, ментална отпорност, современо лидерство и организациска култура стануваат суштински дел од успешното и одржливо корпоративно работење.

Инаку, Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA е иницијатива на Асоцијацијата за е-трговија посветена на создавање инклузивна работна култура и промовирање еднакви можности за сите. Алијансата се залага за три главни столба: еднаква застапеност на мажи и жени на сите нивоа и позиции, еднаква плата за иста работа и еднакви можности за напредок. Работата на GEA ја поддржуваат Eurolink, Casys Сава Пензиско Друштво и Halkbank како главни партнери, како и Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, Пивара Скопје, А1 Македонија, Евроинс Осигурување и CosLoveMetics како партнери. Поддржувачи на Алијансата се и Сава Осигурување, Publicis Groupe, Avenga Academy, IdeaLab, ProCredit Bank и EOS Matrix. Повеќе информации за активностите и можностите за приклучување се достапни на: GEA – Gender Equality Alliance.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace