БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ЌEРКАТА НА ЧЕНТО ЗА ПPECУДATA НА ВНУКОТ- Се повторува болната историја на нашето револуционерно семејство

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пресудата од 15 години затвор за Јане Ченто во случајот „27 април“ болно одекна во неговиот роден град, Прилеп, јавува дописничката на ТВ Алфа, Kaролина Дурло. Прилепчани со жалање констатираат дека казната е превисока, а во неа препознаваат и политички реваншизам.

Бабата на Јане Ченто, Марија Јакимоска – Ченто, ќерка на првиот претседател на АСНОМ Методија Андонов Ченто, видно вознемирена во краткиот телефонски разговор за Алфа вели дека не е во состојба да дава изјави, а не можела ниту да го гледа изрекувањето на пресудата на Јане, бидејќи, како што рече, болната историја на ова револуционерно семејство, продолжувала да се повторува. Огорченост, гнев и фрапираност и во МПЗ „Пере Тошев“, чиј претседател е токму Јане Ченто.

И оттаму, засега не сакаа јавно да ја коментираат пресудата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace


Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace