Каролин Царски се подложила себеси на научни тестови за да докаже дали нејзините оргазми се вистински. Оваа 33 годишна инстукторка по тантрична јога може да доживее оргазма единствено користејки го сопствениот мозок. Крвните тестови кои што пост-оргазмично ги направила со стручни лекари покажале високи нивоа на пролактин- хормон кој што го има во крвта на жените по доживување на оргазам.
Каролин ваквата способност ја стекнала со долгогодишно вежбање јога со т.н. тантричен тренинг.
За верификација на својата состојба таа доброволно се подложила себеси на специјалистички тестови кои што биле правени во два наврати со временска разлика од недела дена.
Во првиот наврат таа се доведувала во состојба на оргазам само под влијание на својата свест во времетраење од 5 минути а во вториот во времетраење од 10 минути.
Резултатите покажале зголемување на пост-оргазмичниот хормон за време на тестот од 5 минути за цели 25% од нормалното ниво а во тестот од 10 минути зголемувањето на пролактинот било за 48%.
Вакви не-генитални оргазми кај жените биле регистрирани и претходно низ историјата, но не постоеле начини за нивно мерење и регистрирање со научни методи.
Оваа студија на која Каролин Царски е евидентирана како коеавтор, е објавена во списанието Сексуална Медицина.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
КИЦ СКОПЈЕ РАСПИША KОНКУРС ЗА ЛИКОВНА ДЕЈНОСТ
Предупредување од пет зборови што сопругот ѝ го упатил на сопругата додека таа го снимала како пука во неа откако дознал за нејзината афера