Црквата Св. Цар Константин и Царица Елена во село Разловци е жив споменик на сите случувања во животите на жителите од селото, вклучително и најзначајниот настан Разловечкото востание во 1876 година.
По воведувањето на султанските реформи во Отоманската Империја со издавањето на Ѓулханскиот хатишерив во 1839 година, од страна на Султанот Абдул Меџит I на територијата на целото царство била прогласена рамноправност на верите, со што православието добило можност да се организира во свои духовно- просветителски храмови.
Црквата Св. Цар Константин и Царица Елена во село Разловци е градена во период од 1850 до 1856 година со уникатен фреско живопис на кој се зографисани уникатни фрески какви што нема во целиот православен свет. Градител на црквата бил извесен Велјан од Струмичко а фреските ги зографисал неговиот син Григориј чие што име стои запишано на фрескоживописот.
Орнаментите на фрескоживописот покрај карактеристичните фрески за тој период, прикажуваат ликови на ангели, традиционални таваници, шари но изобилуваат и со античкиот македонски симбол- сонцето кое што се појавува повеќе пати во внатрешноста на црквата и на надворешната фасада. Во Црквата има фреска со Јуда Искариотски обесен на дрво, со ќесе сребреници под неговите нозе, што претставува уникатна фреска во целиот православен свет.
Исто така има фреска од Пресвета Богородица со златна нараквица која покажува кон напис во долниот дел од фреската. За останатите фрески ќе мора секој добронамерен посетител да ја посети оваа црква за да понесе дел од богатиот дух и традиции на овој народ кој што од памтивек живеел на ова поднебје.
#МакедонијаВечна
Продолжува…


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (Втор дел: Црквата Св. Цар Константин и Царица Елена во село Разловци- Монументални фрески на ктиторите на црквата)
МВР пронајде марихиуана кај 34 годишен жител на Виница. Поднесена кривична пријава
27 годишен штипјанец неовластено вадел пари од сметка на своја сограѓанка со банкарска картичка