БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Феудализам во Македонија [Личен став во однос на прогонот на Милчо Манчевски]

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Јас немам илузија дека со пропагирањето за промена на Уставот на Република Македонија, Милчо Манчевски урниса се што можеше од свој интегритет и углед пред Македонската Јавност. За тоа си е виновен самиот тој и нема пардон за тоа што Манчевски го правеше наспроти волјата на својот народ. Патот до пеколот е поплочен од чесни намери!

Овој свој коментар го пишувам со цел алармирање на јавноста за постоење на една друга операција која што е во тек во МАкедонија:

Станува збор за уништување, исмевање, омаловажување на секој индивидуален изблик на вредност која што произлегува од ова парче Македонска земја. Кога ќе бидат исмеани, омаловажени, наклеветени и оставени со урнисан углед во јавноста, тие поединци кои што нешто вредат помеѓу одредена група на Македонци, ќе се сузбие секоја можност за покажување непокор, несогласување и противење на она што корпоративната машинерија од странство ја има предвидено за овој народ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Кога ќе го уништат кредибилитетот на првенците на овој народ, тогаш се чекор поблиску до воведување на едноумие чија крајна цел е феудализам.

На финансиски моќните центри низ светот кои сами си печатат пари, им се потребни феудално потчинети индивидуи, кои што ќе доаѓаат на нивните имоти/поседи/фабрики/канцеларии да им ја вршат неопходната работа за да феудалците живеат раскошен живот.

Очекувам во наредниот период карактерни поединци кои што нешто вредат на свој индивидуален план за пошироката јавност уште повеќе да бидат на удар на контролирана медиумска харанга стимулирана од државниот-репресивен апарат.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace