БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Филков до СДСМ: Излезете и напуштете  ја вашата скафандер политика и помогнете ни работите да ги движиме во вистински правец

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за правда Игор Филков  одговорајќи на пратеничко прашање  од СДСМ за наводна партизираност на судството и Судскиот совет порача дека двајцата нови членови на Судскиот совет не се избрани од извршната власт, туку од самите судии и дека станува збор за лица кои имаат долгогодишно искуство во својата област.

,, Зарем мислите дека јас како министер за правда може да влијаам на оние судии кои токму вие сте ги назначиле и унапредиле, да им кажувам како да гласаат. Овие нови членови се избрани од судиите”, рече Филков.

На прашањето на Бисера Костадиновска Стојчевска , зошто тој не се повлекува од функцијата член на Судскиот совет, министерот Филков посочи дека тој, како и неговите претходници ја почитуваат препораката на ГРЕКО да не се присуствува на седниците на Судскиот совет.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

,,Јас ниту сум влегол во Судскиот совет за да можам да излезам од истиот. Ако ги следите моите изјави од првиот ден, укажувам на тоа дека нема потреба од мое присуство таму, но доколку Судскиот совет навистина функцинира, А тоа што се случуваше наназад го знаете многу добро затоа што бевте дел од власта, иако  не се сеќавам дека  во таа Влада сте поставиле било кое прашање поврзано со судство или Судскиот совет. Делот за невистините продолжува и понатаму иако ви објаснив дека ние немаме именувано ниту судии , ниту јавни обвинители. Значи, излезете и напуштегте ја таа скафандер политика и помогнете ни работите да ги движиме во вистински правец. Ние за три до пет години нема да имаме судии во државата заради погрешните политики на претходните власти”,порача министерот за правда Игор Филков најавувајќи дека измените на Кривичниот законик доажаат и правда ќе има.

Ајде сите заедно  тука да се договориме, да ги донесеме измените на законите и да ја покачиме горната граница за пензионирање на 67 години.

Креирано од:


Пренеси го гласот