БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Јаневска: Почнуваме со промени во средното гимназиско образование, кое е непроменето цели 20 години!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерката за образование и наука ги повика сите релевантни и заинтересирани чинители да се вклучат во процесот за донесување на новата Концепција за реформи во гимназиското образование кој што е веќе започнат од страна на службите во Министерството:

“Започнуваме промени во средното гимназиско образование, кое е непроменето цели 20 години!

Заедно со Бирото за развој на образованието изработивме нацрт Концепција за реформи во гимназиското образование, која треба да обезбеди современ, инклузивен и конкурентен образовен систем. Предложениот документ нуди модерни пристапи кои се насочени кон стекнување практични вештини, развивање критичко размислување, интеграција на дигитални технологии и усогласување со меѓународните образовни стандарди, како и поголем избор за учениците, со цел тие самите да можат да го моделираат својот образовен пат, според нивните интереси и идни цели.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

📢Ги повикувам сите наставници, ученици, родители, експерти и заинтересирани страни со свои мислења, предлози и забелешки да се вклучат во јавната дискусија за усвојување на најдобрата верзија на Концепцијата, која е достапна на www.bro.gov.mk, а коментарите се доставуваат на javnarasprava@bro.gov.mk, најдоцна до 31.1.2025 година.

🤝Убедена сум дека заедно можеме да создадеме модерно и квалитетно гимназиско образование во најдобар интерес на идните генерации,”

-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на Министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Креирано од:


Пренеси го гласот