БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Министерот Љутков јаваше коњи во Градско за промоција на можностите за интегрирана туристичка понуда на регионот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска во посета на неколку туристички капацитети во Градско беше Министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Тој на лице место имаше можност да се запознае со можностите и потенцијалите за развој на туризмот на граѓаните во овој дел од државата поради географската местоположба на Градско која може да биде искористени за развој на т.н. транзитен туризам.

“Особено ми е задоволство да ве поздравам од Градско, општина која има огромен потенцијал за развој на транзитниот туризам благодарение на својата стратешка позиција на автопатот Е75. Со поставеноста Македонија има уникатна шанса да привлече транзитни туристи и да ги запознаеме со нашите природни убавини, културно наследство и гастрономија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На работната посета со градоначалникот Киро Нацков и националниот координатор за туризам Аккан Махмут разговаравме за развивањето на вински патеки и организирани тури до локалните винарии, како Стоби и Лазар, кои ќе го збогатат искуството на посетителите. Исто така, новата тура за планинско јавање на коњи и посетата на манастирот Св. Архангел Михаил нудат дополнителни атрактивни можности за туристите.

Со посветеност и соработка, верувам дека општина Градско може да стане вистински центар за развој на транзитниот туризам.”

-информираше Министерот Љутков во врска со оваа негова денешна теренска агенда.

Креирано од:


Пренеси го гласот