Денеска Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова присуствуваше на првата конститутивна седница на Комисијата за одликувања и признанија чиј што нов состав таа го предложи во изминатите денови.
“Ми беше задоволство да присуствувам на конститутивната седница на Комисијата за одликувања и признанија.
Во номинацијата на членовите се раководев од нивното врвно знаење, работа и дострели во различни области.
Цврсто сум уверена дека докажани и афирмирани личности како нив умеат да ги препознаат носителите на вистинските достигнувања и соодветно да ги наградат.
Им посакувам плодна и успешна работа!”
-напиша во своето кратко соопштение до јавноста Претседателката Сиљановска- Давкова во врска со овој настан.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист