БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Филков: Правдата мора да биде видлива – реформите носат резултати

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По повод 31 март – Денот на македонското правосудство, министерот за правда Игор Филков упати честитка до сите носители на правосудните функции и до сите вработени во правосудниот систем.

,,Овој ден е потсетник дека правдата не е само принцип, туку обврска – кон граѓаните, кон државата и кон иднината. Вие, како судии, јавни обвинители, адвокати, нотари и извршители, ја носите таа одговорност секој ден, со вашата работа и со вашите одлуки.

Силно и независно правосудство е основа на секое демократско општество. Затоа, мораме заеднички да продолжиме да градиме систем кој ќе биде отпорен на влијанија, ефикасен во постапките и доследен во примената на законот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Како министер за правда, останувам целосно посветен на реформите што значат вистински промени – подобри закони, поголема транспарентност, дигитализација и јакнење на интегритетот во системот. Ова не се само процеси, туку чекори кон враќање и зацврстување на довербата.

Правдата не смее да биде бавна, ниту селективна. Таа мора да биде сигурна, доследна и еднаква за сите.

Честит Ден на македонското правосудство. Одговорноста е заедничка – резултатите мора да бидат видливи.”,порача министерот за правда Игор Филков.

Извор: Влада.мк

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace