Во овие најтешки времиња, многу е битно фирмите да не ги отпуштат своите вработени. Во согласност со вработените, државата треба да дозволи да бидат намалени платите доколку фирмата нема остварено никаков приход во месецот, но никако не смеат да бидат отпуштени од работа!Фирмите што ќе ги отпуштат своите вработени, да немаат право за работа кога сето ова ќе заврши.
Од друга страна, државата мора да најде решение и сите фирми да ги помогне подеднакво, микро претпријатијата да добијат определен надоместок,малите и средните претпријатија да добијат определен надоместок, како и помагање на големите компании подеднакво!
Помошта за сите фирми и компании треба да следи додека трае оваа криза, затоа што кога ќе заврши кризата, тогашните средства знаеме сите како ќе бидат распределени т.е. мал процент ќе ги добијат сите средства, а најголемиот дел од фирмите ќе останат со прстот во уста..
Не смее да се калкулира ниту секунда, на државата и сега и во иднина и се потребни и фирмите, и вработените во нив.Калкулациите на страна, се работи за нешта кои мора да бидат сериозно сфатени.
Исто така, немојте да велите дека фирмите кои најмногу грабале сега први кукаат. Тоа го кажуваат личности што се вработени во државна управа или пак никогаш и не биле вработени.
Ризикот што претприемачите го превземаат, нема да може да го објасни ниту еден вработен во приватен сектор ниту во државна управа. Нервозите кои секој еден претприемач ги трпи во текот на годината, неспиените ноќи и поминувајќи го денот надвор од својот дом од утро до мрак, никој нема тоа да го објасни. Секако, претприемачите се водени од своите амбиции и желбата за успех и профит.
Да не покажуваме со прст кој колку заработил на времето, а кој прв паднал во кризни моменти. Животот носи падови и кревања, кризите носат само падови..
Никој не ги сака кризите, затоа што секогаш е на терет економијата.
Да не дозволиме да крахираме, како индивидуално, така и колективно!
Семејствата и државата ни се пред се и над се!
Пишуваат: Мартин и Пеце, сопственици на ПМГ КОНСТРУКТИОН
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Брзата пруга станува реален проект. За час и половина ќе се стигнува до Солун
Николоски: Имаме пет клучни проекти во здравството кои ќе ги реализираме благодарение на договорот со Велика Британија, а наша амбиција е и модерен клинички во Скопје
Енергетската заедница го поздрави новиот Закон за енергетика: Значајна пресвртница, Македонија е на пат кон европскиот енергетски пазар