БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Галерија: Град на духови- Делчево запуштено како никогаш до сега

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Јавни површини обраснати со сува трева и грмушки. Тротоари обраснати со трева низ испуканиот асфалт. Вегетација која од година во година никнува во асфалтот и пополека го деградира. Распаднати детски игралишта и уништена урбана опрема. Кородирани огради, искршени контејнери околу кои кучиња скитници и мачки разнесуваат комунален смет од домаќинствата. Гранки и грмушки кои оневозможуваат прегледност на патот. Прекопи на улици, разрушени и извадени рабници. Шахти кои трескаат на секое поминување и среќа што нечие тркало не пропаднало во распаднатиот отвор сред улица. Неисчистени канавки покрај улици и патишта …

Ова не се слики од некоја апокалиптична ТВ серија.

Ова е реалноста во која секојдневно живеат делчевчани- барем оние кои останаа низ градот Делчево.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Веќе стана дегутантно пишувањето на оваа тема која заедно со темите

-неуреденото и обраснато со вегетација речно корито на река Брегалница која минува низ центарот на градот,

-градската депонија која повеќе гори отколку што не гори и го труе градот и околните селски средини со отровни гасови,

-дивите депонии за чие појавување кои не се најде јунак да ги реши,

-проблеми со недостиг на вода во повисоките делови на градот Делчево,

-неисчистена и недератизирана канализација низ градот Делчево,

-испуштањето на фекалии директно во река Брегалница, итн

стана слика на грдото лице за политичката неспособност на актуелниот градски татко во Делчево кој е најповикан да се занимава и да ги реши овие проблеми.

До кога вака?

Креирано од:


Пренеси го гласот