БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ги обожавате филмските изданија на Хари Потер?! Еве зошто треба да ги прочитате книгите

Пренеси го гласот

Љубител сте на Хари Потер и ги имате изгледано сите делови од серијалот на малиот волшебник! Ги обожавате филмовите но не сте ги прочитале книгите! Ако сте воодушевени од филмските изданија и на магијата која сте ја доживеале гледајќи го, тогаш е време да ги прочитате книгите.

Чувството нема да е исто, бидејќи овие книги дополнително ќе ви ја надразнат фантазијата , и дополнително ќе ви го збогатат мислењето и ставот за овој серијал.

Погледнете ги овие причини кои ќе ве убедат да ги прочитате книгите.

1. Книгите секогаш се подобар избор Сите љубители на читањето секогаш велат дека книгите се подобри од филмовите. Филмовите се порелаксирани , но во книгите, ликовите и заплетот се многу подетално развиени.

2. Филмовите имаат скратено многу важни детали кои детално може да ги прочитате само во книгите Сосема разбирливо е тоа што голем дел од сцените се скратени, бидејќи навистина е тешко да се сместат 800 страници во 2-часовен филм. Но, затоа многу пропуштате! Хари Потер книгите нај реално ќе ве убедат во тоа.

3. Книгите не се наменети само за деца, напротив Многумина мислат дека го „пропуштиле возот“ за да ги прочитаат книгите за Хари Потер. Во универзитетите во некои земји „Хари Потер“ е задолжително четиво и се смета за дел од модерната класична литература. Затоа земете ги веднаш.

4. Филмскиот Рон не е ништо во споредба со тој од книгите Рон од филмовите и Рон од книгите се два сосема различни ликови. Руперт Гринт е одличен актер, но многу од репликите на Рон се различни во филмовите. Во книгите тој доживува личен развој и е многу попаметен, похрабар и позабавен. Тој исто така многу често ја брани Хермиона во книгите, додека, пак, во филмовите постојано ја навредува.

5. „Хари Потер и Редот на фениксот“ не ги исполни очекувањата на обожавателите Разбирливо е да ви се допаѓаат филмовите. Но, факт е дека „Хари Потер и Редот на фениксот“ не е најдобриот филм на сите времиња, и филмот не ги исполнува очекувањата, и е исполнет со многу тинејџерски емоции, во книгата нештата се поинакви.

6. Во книгите има многу повеќе политика и заплет Филмовите воопшто не ја доловуваат општествената ситуација во која се случува главното дејство. Во книгите, пак, се дискутираат граѓанските права, нетолеранцијата и фашизмот. Овие општествени проблеми се многу подетално разгледани во книгите отколку во филмовите.

bregalnickimarketing

7. Романтичните делови се поубаво опишани во книгите Актерите ги добиле улогите кога биле деца, така што сосема разбирливо е тоа што нема многу хемија меѓу нив. Но, сепак, бакнежите меѓу Хари и Џини се навистина чудни и воопшто не ја доловуваат вистинската емоција. Овие романтични моменти во книгите се опишани многу подетално и поубаво.

8. Ликовите од книгите можат да изгледаат како што сакате Можете да ги читате книгите и да си ги замислувате ликовите како Даниел Редклиф, Руперт Гринт и Ема Вотсон ако сакате. Но, не морате. Во вашата фантазија, Хермиона може да има темен тен на кожата, а Хари да има руса коса. Додека читате, вие си го одредувате изгледот на ликовите како што вие ќе си одлучите.

9. Книгите се лесни за читање Кога ќе го погледнете тој куп на страници сигурно ќе се уплашите на почетокот. Но книгите се читаат брзо и лесно. Можете да ги прочитате првите две книги за само неколку дена.

10. Се работи за Хари Потер, најпопуларната книга на светот, која вреди да се прочита! Постои причина зошто „Хари Потер“ е најпопуларната книга во светот! Луѓето не ја читаат само за да бидат во тек со најновите случувања. Станува збор за приказна која допира до илјадници срца. Одлучете се за книгите и откриете го она што сте го пропуштале гледајќи ги филмовите.

Креирано од:


Пренеси го гласот