Прашајте ги жртвите на владеењето на СДСМ и ДУИ: Дали тоа што наивно изгледа само злоупотреба на државен празник за партиски цели, во наредна фаза станува хаос и безредие по улици?
Како Венко Филипче се обидува да биде бледа копија на Зоран Заев и не е толку важно! Важен е начинот на кој што Венко Филипче сака да го продолжи делото што го започна неговиот ментор, партиски и идеолошки гуру Зоран Заев.
Од времето на Зоран Заев кога беше опозиција гледавме маршеви со шарени чадори, панделки, осмомартовски бајки за подобрување на правата на жените, борба за правата на маргинализирани групи…
За јавноста да нема сомнежи за тоа дека улогата на Венко Филипче е да го продолжи делото на Зоран Заев, доволно е да ги види досегашните прес конференции на Филипче како претседател на СДСМ.
Филипче во последните две години зборува за секакви дневно-политички популистички теми кои што го окупираат секојдневието на граѓаните: земјоделие, социјална политика, потрошувачка кошничка, покачување на плати преку донесување закон за минимална плата, срамежливо но сепак видливо Филипче зборува за правда, за животна средина итн… но најмногу од се Венко Филипче зборува за потребата од донесување на измените на Уставот на Република Македонија со цел внесување на бугарите во преамбулата на Македонскиот устав.

СИТЕ ОВИЕ ТЕМИ СО ИСКЛУЧОК НА ТЕМАТА БУГАРИ ВО УСТАВ СЕ ПРОДОЛЖЕНИЕ НА ТЕМИТЕ СО КОИ ШТО ЗОРАН ЗАЕВ ДОЈДЕ НА ВЛАСТ НА НАЈБЕЗОБРАЗЕН ПОПУЛИСТИЧКИ НАЧИН СТИМУЛИРАЈКИ И ПОТТИКНУВАЈКИ ГО РЕВОЛТОТ НА ГРАЃАНИТЕ ПО ШТО ЈА ЗЛОУПОТРЕБИ ДАДЕНАТА ДОВЕРБА ЗА НАСИЛНА ПРОМЕНА НА УСТАВОТ ВО 2018-2019 ГОДИНА.
А откако Заев дојде на власт во ниту една од овие теми не ја подобри ситуацијата за граѓаните, туку баш напротив ги продлабочи состојбите во непосакуван правец.
Единствено тоа во што беше успешен Зоран Заев е брутално-насилната промена на Македонскиот устав и преименувањето на Република Македонија во интерес на анти-македонските политики на соседните држави.
Венко Филипче опкружен со неколкумина негови приврзаници кои моментално се претставуваат себеси како раковидство на СДСМ, се типични рециклирани остатоци од времето на владеењето на Зоран Заев. И како таква структура според сите индикатори на нивно политички делување се обидуваат да го продолжат патот на кој што Зоран Заев беше спречен од граѓаните кои му го покажаа правецот на политичкото буниште во историјата.
Денес пак гледаме популистички обиди од страна на СДСМ на чело со Венко Филипче за додворување на граѓаните преку стимулирање на револт и незадоволство на улица. Немајки политички аргументи Филипче и неколкумината околу него се обидуваат да профитираат од состојби за кои највиновни се неговите претходници во СДСМ, кои иако ветија решавање на состојбите во земјоделието, социјалата, здравството, економијата… остварија тоа што го криеја и за кое лажеа: Промена на името на државата.
Да немаме илузии: Венко Филипче е продолжеток на политиката на Зоран Заев со цел продлабочено уништување на Македонскиот идентитет, пред се преку бришење на Македонските идентитетски одредници, но и преку девалвирање на работата на Македонските државни институции.
Дали Македонија и Македонците ќе гледаат втора сезона од серијата “Живот за Македонија” сега со други имиња е прашање кое секој добронамерен Македонец треба сериозно пред себе да си го одговори!
Македонија Вечна.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Последниот пишувач на љубовни писма
Алекс Букарски: Последното сонце на михољско лето
Алекс Букарски: Час