БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Гоце Марков: За Македонија и Македонците

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Самосвесноста на овој настрадан Народ е фономен кој опстојува со векови. Поминал и турско, српско и бугарско, германско, грчко и секакво влијание и репресалии… но опстојал. Секогаш внатрешно угнетуван од своите, најблиските, продадени за грст жолти жолтици како пролив наутро и жолтица, секогаш на страна на окупаторот овие помагачите биле вистинските владетели и уништувачи на македонизмот. Така е и сега, така е и денес…

Нема да штедам нимој и нема да бидам умерен како досега. Македонија е држава која секојдневно се раздржавува од ваквите имбецили од човечки форми. Продавачи на магла и ветер не подучуваат секојдневно камуфлирани во локални шерифи, маалски насилници, политички палјачовци и марионетки во рацете на малку попаметните од нив, им шефови. Ова е време кога добро ќе ви дојде една мисла на Анте Поповски изјавено во едно друго време а денес актуелна како вчера и утре:

,,… во помодерната историја на Македонија, нашиот народ никогаш не се чувствувал толку споделен, толку беспомошен и понижен, никогаш не живеел во толку големи неизвесности сврзани со неговата животна и севкупна егзистенција-како што е тоа денес“.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

…„Со години човекот тука одвај врзува крај со крај. Неговата социјална ситуација се понагласено се влошува. Илјади и илјади млади и едуцирани се принудени да ја напуштат својата татковина и да побараат заштита на својот гол живот , талкајќи по светот понижени и обезличени. Така и процентот на автохтоното македонско население рапидно се намалува и се разнебитува нашето, ионака разнебитено, македонско национално ткиво. Поради сето ова нашата социјална ситуација денес е во најкритична црвена зона, со сиот малигнитет на феномените на еден исклучително опасен социјален и социолошки комплекс.

Она што се превидува при сево ова е дека не се прави елементарна разлика меѓу историската зрелост и толерантност на еден народ и биологијата на стомакот кој разнесува и живи луѓе. Како и се друго и сиромаштијата има свои граници: таа не поднесува бесконечни инфантилни паради на нејзините министри позајмени од најбаналниот пропаганден фолклор.

Време е кога овој народ излегува од бунило и кога мора самиот да им стави крај на сите злоупотреби кои, буквално, ја разнебитија и неговата држава и неговата национална чест. Кој, нормален, може да го поднесе цинизмот да ја држи главата горе и да очекува ваква Македонија, опустошена и ограбена, да му – помогне? Доколку, воопшто нешто е неопходно, тоа е час кога секој треба да даде се од себеси – за да и помогне на својата татковина која стенка во неправди и зла!”

Запамете, ако нечесните и лакоми политичари останат недопрени од Народот и Судската правда тешко Македонија да си го најде правиот крив пат кон Европа. Засекогаш ќе си останеме комшии на континентот и организациите во кои по дифолт и од раѓање генетски припаѓаме. Додека за извршените бесчестија и антиуставни и антизаконски промени на мали партиски групи торбари урдари останеме Неми и Глуви, казната од Бога е Наша само! Јас лично, нема да бидам нем и глув, а Македонија е се што имаме и наша обврска е Думата и Мислата ама онака чиста како солза и нерасипана со тендери. Се друго не признавам!

Поповски продолжува,,

…Македонија се движи по црвена линија: или ќе се обединиме за да ја спасиме – или ќе се разделиме и со себеси .Во таков случај, никому веќе и никакви прислушувања и разговори нема да му бидат нужни… ..Порди сето ова, сосема е точно дека Македонија е поставена во нова политичка орбита и сигурно е, без сопствено , автентично македонско гледиште, без сопствена политичка филозофија и стратегија дека Македонија не ќе може да функционира како независна држава. Особено не, доколку се потпира и натаму на сегашната политичка филозофија на постојани конфликти и разг радувања. На Македонија и е потребен лидер со далековида политичка филозофија, со смисла да ги обедини интересите на сите.

Не треба да замижиме пред фактот дека во Македонија е остварена политичка поделба според етничка припадност, а таа ситуација е најблиска и до територијална поделба. …Евидентно е отсуство на елементарен политички концепт, недостиг на државничка традиција, секој министер што доаѓа а не продолжува таму каде што е застанато на проектот, кој и пред тоа постоел туку се почнува од него…

Македонија нема изградено своја доктрина , своја стратегија, свое лоби. Нема сублимирани ставови нема варијанти. На нашава емиграција, во име на Македонија и се наметнуваат парадоксални и највулгарни фолклорни теми кои треба да ги разрешува. Таа се занимава со попски лакрдии, наместо со кардинални прашања од егзостенцијата на Македонија.” Јас би надополнил: На Македонија насушно и недостига како кислород, еден Систем, нов вредносен востановен на критериуми кои ќе мора да се почитуваат.

Само така, со таа нова Матрица ќе бидеме позитивен пример на Балкански матрикс и секој кој ќе влезе и остане ќе се исскали и протече како солиден кадар на социјалниот дискурс.

Се друго ќе биде нус продукт, мешавина и нестандардни хемии на битови лаги. Нов систем!

Пишува: Гоце Марков

Kолумнист Македонец и Човек

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace