БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Етиопија лани во еден ден засади 353 милиони дрвца. Што (на)прави Македонија за таа цел?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Според сите активно инволвирани активисти на полето на животната средина во светски рамки најраспространето е мислењето дека со успешно пошумување на планетата земја може на најдобар начин човештвото да се спротивстави на климатските промени.

Дрвјата околу себе го ревитализираат еко системот, обезбедуваат храна и ги балансираат и заштитуваат изворите на вода со што претставуваат неопходен ресурс за одржлив развој на животот воопшто.

Волонтери, официјални владини претставници и активисти за еден ден кон крајот на август минатата година засадија 353 милиони дрвца во Етиопија, согласно извештаите на најголемите светски новински агенции.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Со тоа Етиопија постави нов светски рекорд во засадување дрвца. Претходно овој рекорд го држеше Индија кога за еден ден засадија 50 милиони дрвца во 2016 година.

Овој рекорд Етиопија го ефектуира како дел од кампањата на премиерот Абиј Ахмед и неговата иницијатива наречена “Зелено Наследство”, преку која се настојува да се ревитализира животната средина на земјата и за да се превземат чекори за адаптирање на климатските промени.

Планот на оваа кампања е да бидат засадени 4 милијарди дрвца до почетокот на оваа година. Голем процент- над 85% од планот до сега е исполнет.

Во последните неколку години и декади животната средина во Етиопија сериозно беше деградирана. Во раните години од минатиот век дрвјата покриваа 35% од територијата на земјата. Во почетокот на новиот век во 2000-те години до 2010 година овој процент падна на очајни 4% од целата територија на државата, според податоци на ВВС. Како резултат на уништувањето на шумите негативни последици се појавија врз почвата и нејзината ерозија, при што огромни површини на обработлива почва се претворија во пустина.

За да бидат работите полоши, климатските промени жестоко се одразуваат врз Етиопија. Екстремни суши во последните неколку години негативно се одразија на хранапреработувачката со што се прошири негативниот тренд за недостиг на храна.

На глобален план планетата Земја загубила 29 милиони хектари шума во 2018 година.

Ваквите бројки се уште по лоши на штета на животната средина во претходната 2019 година, особено со пожарите во прашумите во Амазон.

Со почетокот на новата 2020 година пожарите кои што ја зафатија Австралија дополнително ја влошуваат состојбата.

Во вакви глобални поразителни состојби по однос на глобалната слика на планетата Земја, се поставува прашањето што може земја како Македонија да стори во оваа насока.

Со оглед на екстремната загаденост на сите поголеми градови во државата се чини дека Македонските граѓани се на многу ниско ниво на развој на општествената свесност и одговорност кон климатските промени и сите негативни ефекти кои произлегуваат од овој глобален светски феномен.

Во светот покренати се интензивни и масовни движења за борба против климатските промени и ублажување на негативните ефекти од нивно влошување.

Во тој контекст вредно е да се споменат два помасовни протести во Скопје кои што се покажаа како своевиден никулец на народот во контекст на негување на некој поширок активизам на ова поле.

Но сето тоа е премалку! Особено поради тоа што се во овие два случаи стануваше збор за кампањска ад хок работа за борба против глобален светски феномен кој не може да биде сузбиен без долгорочни ефикасни стратешки определби.

Никулецот е фрлен на нивата.

Од нас како сопственици и господари на ова парче земја зависи дали овој никулец првовремено ќе из’рти и ќе почне да расне во нешто поголемо.

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace