Легендарниот Горан Таневски кој што како уметник претставува своевиден континуитет на нашето време не застанува со својата музичка креација и уметнички израз. Деновиве е актуелен по изданието на неговиот втор хит сингл “Параходот” со кој што го трасира патот за незаборниот концерт кој што го реализира како круна на неговата 40 годишна музичка и уметничка кариера и новиот музички албум кој претстои.
Песната ПАРАХОДОТ е вториот сингл кој го најавува јубилејниот концерт ” 40 години Горан Таневски” и воедно најава за албумот што следи, насловен како “MORE”. Како гости на песната ПАРАХОДОТ е истата екипа како и на “40 Години Девојка од Бронза”. Музичарите кои ќе го изнесат концертот се: Александар Таушанов – гитара (Троја) , Тодор Стефанов – бас (Троја), Зоран Павлов – гитара и Дејан Јефремов – тапани. Како гости на концертот ќе се појават: Перо Стефановски ( Санаториум), Александар Стефановски ( Conspiracy) и Гордана Котевска.
Концертот ќе се оддржи на 20.12.2025 год. во МКЦ со почеток од 20.30. Влезници можат да се купат преку Mktickets.mk и нивните продажни пунктови.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Врчак и Симона со „Сонце по дожд“ ја продолжуваат музичката приказна што започна пред години
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ХИП-ХОП: НИНА ТАЛЕСКА Е СВЕТСКИ ВИЦЕШАМПИОН!