Преку прес конференција општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Штип реагираше на изборот на лицето Горан Трајков за доделување на највисокото општинско признание, наградата 8-ми ноември.
Тие истакнаа дека целта на прес конференцијата е разобличување на лицето Горан Трајков кое од страна на СДСМ е предложен и изгласан за доделување на признанието 8-ми ноември.
– Штипската јавност изминативе години е сведок на декструктивното и девијантно однесување на Горан Трајков, кое се манифестираше преку протести, уништување на имот од јавен интерес, говор на омраза и поттикнување за нарушување на јавниот ред и мир. Ова лице, платено од СОРОС манипулираше со работниците во текстилната и кожарската индустрија во нашиот град, ги манипулираше граѓаните од нашиот град дека ќе издејствувал намалување на цената на електричната енергија – кое беше без успех, за на крај да стане слеп послушник на политиките на СДСМ.

Во својата реакција тие уште додаваат дека ова лице им е познато на граѓаните на Штип како сопственик на сега веќе затворено приватно музичко училиште кое на државно ниво било оценето со најслаба оценка за своето работење.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека ова се факти кои се познати и јавно прашуваат дали ова лице е најрепрезентативниот лик во градот Штип на кое треба да му се додели високото признание 8-ми ноември? Дали со давањето на признанието 8-ми ноември на Горан Трајков не се девалвира оваа награда на општината?
На крајот од својата рекација додаваат:
Јасно е само едно – во изминатиот преиод Горан Трајков одработувал за СДСМ, а за тоа е награден со највисокото општинско признание. Затоа препорачуваме, своите партиски послушници СДСМ да ги наградува со партиски признанија, а не со општински на сметка и за потсмев на граѓаните.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево