БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Горанчо Тодоровски: На делчевчани не им треба власт која води во ќорсокак

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево, Горанчо Тодоровски денеска на прес конференција жестоко ги прозва за своето неработење и лицемерен однос кон граѓаните на Делчево и целиот регион околу, денешните учесници во трибината која што СДСМ ја организираше во спортската сала во СОУ “ММ Брицо” во Делчево.

Во продолжение интегрално ја пренесуваме неговата прес конференција од партискиот штаб на опозицијата:

“Почитувани, после сите кривини, сите одрони, сите опасности на патот Делчево -Кочани Зоран Китанов вечерва во Делчево ќе говори за прав пат.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

После понижувачкиот однос кон граѓаните на Република Македонија и изјавата дека со 17 илјади денари четиричлено семејство  може да преживее во Македонија, Мила Царовска ќе говори на делчевчани за прав пат. И тоа скриена позади информациите за зголемувањето на нејзиното богатство од 1.3 милиони евра за само една година додека е министер во владата на Зоран Заев.

Најнеуспешниот градоначалник во историјата на Делчево со изградени нешто повеќе од  1 км улици во Делчево ќе зборува за прав пат!

Не е ни случајно а ни чудно за функционерите на СДС во Делчево што во работно време седнати во директорските фотелји во текот на вчерашниот ден вршеа жестока пропаганда на фејсбук кон делчевчани да бидат дел од овој т.н. прав пат на најдеструктивната и најнеспособната власт која Делчево и Македонија некогаш ја имале.

Дали директорот на јавното претпријатие за државни патишта Китанов ќе им објасни на делчевчани како СДС цели три години го држеа блокирано завршувањето на автопатот Штип-Миладиновци, додека ја урнисуваа државата?

Или пак ќе објасни како промашената траса на автопатот Кичево-Охрид одеднаш стана таа вистинската со потрошени дополнителни 180 милиони евра од страна на владата на Зоран Заев и Министерот Сугарески.

Дали Мила Царовска ќе објасни како и на кој начин од Делчево и регионот заминуваат по 10-тина автобуси на работа во странство во само еден ден.

Дали Горан Трајковски ќе продолжи да ги фали проектите на неговиот претходник, кои тој самиот мака мачи да ги реализира со задоцнување и целосна импровизација?

Единствениот пат на кој СДС се наоѓа е слепа улица од каде граѓаните на 12 април ќе им го покажат излезот и ќе завршат во историјата како најпакосната власт за интересите на Македонските граѓани.

Господа од СДС, на делчевчани не им треба власт која води во ќорсокак.

Вашите лаги во Делчево не поминуваат повеќе.

Време е за Обнова на Македонија.”

-истакна во своето обраќање кон јавноста Горанчо Тодоровски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace