По повод гостувањето на националниот ансамбл Танец во Австралија , го осудуваме однесувањето на нејзиниот прв човек, Мартин Вучиќ и неговата несозреаност за последиците од промената на именувањето на ова значајна културна македонска институција.
Секако дека политиката навлезе во сите пори на македонското опшество и го разгради националното ткиво. Токму затоа, секое претставување на Танец без придавката македонски не соодејствува со вистинските заложби на Македонецот во државата и во дијаспората. Во тој контекст го подржуваме најавениот бојкот на Македонците во Австралија а преку тој чин да се испрати порака до сите оние државни институции кои се вклопија и прифатија во преименувањето на државата и се на иста страна со сегашнава нелегитимна и насилно донесена влада .
За потсетување , со договорот од Преспа и преименувањето во северна, именката Македонија и Македонец повеќе не постои и придавките произлезени од нив, македонски , македонска . Згора на тоj чин, се откажавме од историјата и минатото и остануваме амфорна неидентификувана групација.
Токму затоа, зборовите на Мартин Вучиќ со кои објаснува дека ништо не се променило туку само една мала додавка, иницираат на недоволна национална и општа несозреаност, што е карактеристично за сите оние кои се заглавија во зајчевиот лавиринт.
Сега тој чин на бојкот се случува во Австралија, утре ќе биде исто и во Европа, Канада и Америка.
Што би рекле, на запад ништо ново!
14 ноември, 2019
Координативно Тело на Македонците -Европа
-Пренесено интегрално соопштение

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
АД МЕПСО ДОДЕЛУВА 15 СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИТЕ ПО ЕЛЕКТРОТЕХНИКА
Министерот Клековски на Денот на здравјето на COP31: Здравјето мора да биде во центарот на климатската акција