БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Горане Трајковски и Стојче Стојковски, излезете од своите климатизирани канцеларии- Делчево се труе!!!- повикаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Попладнево огромни облаци со отровен чад го повторно го прекрија небото над Делчево.

Пламенот од градската депонија во Делчево по којзнае кој пат ова лето, што не беше многу поразлично од минатото во овој поглед, беше нерешлива математичка равенка за некогашниот професор по математика а денеска Градоначалник на Делчево, Горан Трајковски.

И покрај сите реакции на мнозина граѓани во Делчево, повторно и повторно градската депонија чадеше попладнево.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

До кога????

На оваа тема денеска своја прес конференција на лице место имаше Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево, Горанчо Тодоровски кој ги повика најповиканите Градоначалникот Трајковски и Директорот на ЈПКД Брегалница Стојче Стојковски да излезат од своите климатизирани канцеларии и да почнат да го решаваат овој проблем,

Тодоровски запраша и до каде е имплементацијата на проектот за Регионалната депонија за отпад, со која би се решил овој проблем.

Во продолжение ја пренесуваме реакцијата од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево:

Горане Трајковски и Стојче Стојковски, излезете од своите климатизирани канцеларии- Делчево се труе!!!
Изјава на лице место на Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево, Горанчо Тодоровски.
Снимките се од запалената депонија која емитува отровен чад кој што ветрот го носи директно над Делчево.
Ова е еколошка катастрофа која трае со месеци.

-како и изјавата на Горанчо Тодоровски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace