Македонската трочлена банда, тотално безвредни во нивните досегашни професионални животи, ниту еден од нив макар со локална професионална афирмација, едниот помилуван криминалец, гуската и мочкото цел живот на функции со бенефиции кои ги плаќа Македонецот против чии интереси работаат, безпоговорно кон меѓународната и со молскавична брзина го спроведуваат ЕУ планот за Македонија!
И тој план не е ниту може да биде инкорпорирање на Македонија во Европа, туку е претворање на Македонија во изолирана европска депонија.
Го избришаа македонскиот идентитет, државата ја разградија, тоа што остана го ставија на милост и немилост на Грција и Бугарија, следи промена на етничкиот состав со доселување избеглици воглавно од северна Африка кои ќе бидат населени исклучиво во источните делови на Македонија кај што за нив има стотици празни новоизградени станови, започнаа федерализација која ќе води до поделба на земјата, отвораат рудници на смртта на исток започнато од ВМРО-ДПМНЕ егзекутирано од инсталиранава власт…
Практично, Македонија станува европска депонија во која ќе останат и ќе доаѓаат луѓе кои немаат друг избор.
Прекрасна земја на пат да биде уништена од нас самите.
Сѐ што верувавме дека нема да ни се случи ни се случи, но ние и понатаму одбиваме да веруваме дека ќе ни се случи тоа во што не веруваме.
Ние што сме надвор ја губиме татковината, вие што сте во Македонија губите сѐ.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина