БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Граѓаните на Милково брдо изминатите години беа први на удар на отровните гасови на делчевската депонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Најголема желба на жителите на т.н. “Рударска населба” во Милково Брдо во Делчево е во наредниот период да престанат отровните гасови од делчевската депонија која во изминатите години го загрозуваше нивното основно право на живот. Актуелната локална власт предводена од СДСМ во Делчево која 8 години имаше можност да го реши овој проблем не најде решение а и немаше одговор на постојаните апели и барања на граѓаните да се реши овој акутен проблем за цело Делчево, но најмногу на жителите кои живеат во непосредна близина на депонијата.

Во рамки на акцијата која ја спроведуваат активистите на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево “Караван на идеи” покрај овој алармантен проблем, е и потребата од отворање на нови добро платени работни места. Во непосредна близина на оваа населба е ТИРЗ Делчево каде што после 8 години игнорантски однос од страна на актуелниот градоначалник од СДСМ конечно е време да влезе барем една инвестиција која ќе овозможи вработување и економски бенефит за општината.

“Денеска “Караванот на идеи” на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево беше помеѓу граѓаните на т.н. “рударска населба” во Милково Брдо.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Граѓаните со кои се сретнавме, укажаа дека оваа е една од најзаборавените населби во Делчево во изминатиот период од локалната власт. Истовремено истакнаа дека нивните апели за помош и иницијативи за подобрување на живеачката, постојано наидувале на “ѕид” кај надлежните.

Оваа населба како “аларм центар “за отровните гасови од градската депонија, беше прва на удар и најсериозно ги чувствува последиците од неспособноста и неодговорноста на актуелната локална власт во заминување.

Нивна најголема желба е во иднина во нивните дворови, повторно да може да излезат и да поминуваат време со своите семејства, без страв од труење со отровни гасови.

Се обврзавме дека идниот градоначалник како прв приоритет во својата програма, покрај економскиот развој ќе биде и обезбедување на здрава и чиста животна средина за сите граѓани, решени да живеат во Делчево,”

-напишаа на социјалните мрежи од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево во врска со оваа нивна денешна акција.

Креирано од:


Пренеси го гласот