Во текот на денешниот ден завршија асфалтерските работи на улицата Велко Влаховиќ во населбата Милково Брдо во Делчево.
Станува збор за реконструкција на коловозот на една од најфрекфентните улици во овој дел од градот Делчево, што беше приоритет за реализација за граѓаните долги години наназад.
Финансиските средства во износ од над 7 милиони денари неопходни за реализацијата на овој значаен проект за жителите од оваа населба се обезбедени од страна на Владата на Република Македонија во рамки на вториот повик за финансирање на проекти од локално значење на кој што аплицираше општинската администрација во Делчево и обезбеди брзо и ефикасно завршување на овој проект.
Реконструкцијата на ул. Велко Влаховиќ во Делчево се реализираше во рок од неколку недели. Во рамки на првиот и на вториот повик на проекти финансирани од Македонската влада предводена од Премиерот Мицкоски се финансираат повеќе други проекти во вкупен износ од над 141 милион денари.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево