Градоначалникот на Свети Николе Дејан Владев во текот на денешниот ден имаше работен состанок со претставници на фирмата- изведувач на изградбата на илици во населбата Рудина во Свети Николе. На состанокот присуствуваа и претставници од Светска Банка како и фирмата која што врши надзор на реализацијата на проектот. Притоа Градоначалникот Владев најави дека до крајот на годината ќе бидат реализирани сите земјани работи и поставувањето на бетонските рабници, според динамичкиот план, по што ќе се премине на асфалтирање на планираните улици. Во рамки на соработката меѓу општина Свети Николе и Светска Банка, општината ќе има можност за користење на финансистки сретства за изградба на нова канализација како и асфалтирање на улици во градското подрачје до септември 2022 година.
“Имавме состанок со претставници од Светска банка и изведувачот и надзорот на проектот за тампонирање и асфалтирање на улици во населба Рудина.
Фирмата Стоименов ДООЕЛ се обврза да изврши комплетно тампонирање и ставање на ивичњаци на цел потег до крајот на годината, а потоа и асфалтирање.
Во соработка со Светска банка која ќе ни овозможи користење на средства ќе се направат проекти за изградба на една канализација и асфалтирање на улици во градското подрачје до септември 2022 година.
Мораме да го реализираме ветеното.”
-напиша Градоначалникот на Свети Николе Дејан Владев на фејсбук.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево