БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градоначалникот Гоцевски ја објави целата програма за “Зимска приказна во Делчево” со термини за секој ден до крајот на годината

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Делчево ги живее најубавите предновогодишни денови со новогодишна програма за секој ден и за сечиј вкус и внимание.

Манифестацијата “Зимска приказна во Делчево” со свои 22 денови предновогодишна програма влегува во својата втора половина во која што се најавуваат настапи на познати и афирмирани Македонски изведувачи од различен карактер.

Во изминатите 12-тина денови граѓаните на Делчево на новогодишната сцена и на партерот околу најубавата новогодишна елка можеа да проследат различни културно-забавни содржини од различни изведувачи: Диџеи, бендови, аниматори, улични изведувачи, промоција на различни културни вредности и творци, филмски проекции, театарски претстави итн итн.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За преостанатите денови до дочекот на најлудата вечер во годината во Делчево ќе настапат значајни музички имиња и изведувачи кои што за делчевчани ќе овозможат пријатна и весела предпразнична атмосфера: Ламбе Алабаковски, Троја, Иван, Ангел и Драган, Брука бенд, Диџеј Брајсид, Дичеј Фрики, Диџеј Аладагли, Диџеј Брајан, Амбасадор- бенд за секакви прослави, кои што ќе настапат на новогодишната сцена во рамки на новогодишниот базар на градскиот плоштад во Делчево.

“Зимска приказна во Делчево, продолжува со уште поубаво празнично расположение за сите граѓани на Делчево и сите посетители кои го посетуваат нашиот град.

Крајот на оваа успешна 2025 година, да го дочекаме во духот на заедништвото и позитивни вибрации пренесени од нашите домашни, Македонски артисти на сцената пред Спомен домот АСНОМ во Делчево, со многу песна, дружење и свечена празнична мисла за целокупната наша локална заедница.

Граѓаните на Делчево, заслужуваат уште поубава културна понуда, што несомнено во период што следува, сериозно како локална самоуправа ќе ја развиваме, за сечиј вкус и внимание.

Охрабрува фактот што Делчево е веќе регионален центар на квалитетни и препознатливи настани, кои што одат во прилог на збогатувањето на туристичката понуда на општината за сите посетители, а во интерес на подобрување на локалната економија во соработка со локалните стопанственици.

Остануваме отворени за сите идеи, предлози и иницијативи на секој граѓанин или организација за придодавање на уште поголема културна вредност на нашиот јавен живот во општина Делчево за сите генарации.

ЕВЕ ЈА НАШАТА ЗАЕДНИЧКА ПРОГРАМА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА.

ПОВЕЛЕТЕ НА НЕЗАБОРАВНО ДРУЖЕЊЕ И УЖИВАЊЕ.”

-напиша на социјалните мрежи градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace