БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

100 милиони евра нови инвестиции во енергетиката за поголема сувереност на Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Македонскиот Премиер преку социјалните мрежи во јавност афирмираше информација која што се однесува на подобрување на карактеристиките кои што ја декларираат Македонија како слободна и независна држава, преку подобрена енергетска стабилност и квалитет на енергетски капацитет за сите граѓани на државата.

“Инвестиција од 100 милиони во енергетиката ✅

Во Владата денес беа потпишани договори коишто ја обликува иднината на државата, ја зајакнуваат нејзината стабилност и ја дефинираат нашата визија за економски развој, безбедност и суверенитет.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Со потпишувањето на договорот за реализација на фотонапонската електрана „Битола 3“ и за ревитализацијата на хидроелектраните – Фаза 3, испраќаме јасна и недвосмислена порака: енергетиката е еден од клучните национални приоритети и инвестиција од највисок стратешки интерес. Станува збор за инвестиција од вкупно 97 милиони евра, од овие, 50 милиони евра се од КФВ се за фотонапонска „Битола 3“, 10 за ревитализација на хидроелектрани, а 37 од ЕБОР се за ФЕ „Битола 3“. Со овие проекти, инвестициите во енергетскиот сектор се приближуваат до 100 милиони евра.

Оваа цел на Владата не е краткорочен ефект, туку долгорочна трансформација. Градиме енергетски систем кој ќе биде отпорен на кризи, флексибилен кон идните предизвици и усогласен со европските стандарди. Но, исто така систем кој ќе обезбеди енергетска сигурност денес, но и за генерациите кои доаѓаат.

Затоа денес не зборуваме само за мегавати и инфраструктура. Денеска зборуваме за суверенитет, за одговорност и за визија. За држава која самоуверено ја гради својата иднина.?

-напиша на социјалните мрежи Македонскиот Премиер Христијан Мицкоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот