БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Европската Унија го потврди успехот: 4 нови договори за реализиација на енергетска инфраструктура за подобрување на состојбите за граѓаните

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Делегацијата на Европската Унија во Македонија преку социјалните мрежи ја споделија најновата информација која значи особен успех за развојот на соработката на ЕУ со Македонската влада и владините институции.

Станува збор за потпишување на 4 нови договори за реализација на проекти од инфраструктурен карактер за развој на енергетскиот сектор во државата што позитивно се рефлектира во стандардот за живеење на сите граѓани.

“Ја завршуваме 2025 година со потпишување на 4 договори во духот на #GlobalGateway!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За изградбата на фотоволтаичната електрана „Битола 3“ и понатамошната ревитализација на 6 хидроелектрани се обезбедени финансиски средства благодарение на заедничките напори на Министерство за финансии/Ministria e Financave/Ministry of Finance, АД Електрана Северна Македонија (ЕСМ ), ЕБОР и KfW банката.

Инвестиција од 87 милиони евра ќе го трансформира исцрпениот битолски рудник за јаглен во соларна електрана од 134 MWdc. Дополнителен пакет од 36,2 милиони евра ја поддржува третата фаза од рехабилитацијата на хидроцентралите Вруток, Врбен, Равен, Тиквеш, Шпилје и Глобочица, зголемувајќи го нивниот капацитет за 13,5 MW со дополнителни 47,5 GWh/годишно. Овој проект ќе го поддржи Процесот на праведна транзиција на земјата, ќе го зголеми домашното производство на зелена енергија и ќе ги подобри стандардите за корпоративно управување на ЕСМ.”

-напишаа на социјалните мрежи од канцеларијата на делегацијата на ЕУ во Македонија.

Креирано од:


Пренеси го гласот