Известување за активно учество на граѓаните и урбаните заедници во креирањето на општинскиот буџет за 2026 година
Општина Штип ги поканува сите заинтересирани граѓани и урбани заедници да земат активно учество во процесот на креирање на општинскиот буџет за 2026 година. Граѓаните имаат можност да предложат и да приоритизираат проекти од локално значење.
Консултациите ќе се одржат на следните датуми:
Денес (22,12.2025), со почеток од 18:00 часот, во Сала на Совет на Општина Штип ќе се одржи јавна консултација за урбаните заедници: Славчо Стојменски, Три Чешми, Железничка, 8-ми Ноември, Брегалница, Баби, Тошо Арсов и Караорман.
На 23 декември 2025 година, со почеток од 18:00 часот, во Сала на Совет на Општина Штип ќе се одржи јавна консултација за урбаните заедници: Чардаклија, Сењак, Дујлак, Ново Село, Пребег, Св. Недела, Васил Доганџиски, Автокоманда, Балканска и Македонка.
Вашето учество е клучно за развојот на нашата заедница. Очекуваме ваши предлози и идеи!
Со почит,
Извор: Општина Штип

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”