НЕМА КОМПРОМИС СО ЗАКОНОТ!
ОД РАНО УТРОВО СЕ РУШИ НОВА ДИВОГРАДБА!
Станува збор за објект кој се градеше бесправно, а во моментот на интервенцијата беше во приземје – карабина фаза.
И покрај издадено решение од градежен инспектор, стопирање на градбата и затворање на градилиштето, субјектот продолжил со градежни активности, со што директно го прекрши Законот.
Акцијата започна во 05:00 часот наутро, по претходна координација со МВР и фирмата задолжена за рушење.
Дополнително, беше спречена изградба на уште два нови објекти, кои беа во почетна фаза – ископани темели, на истата локација, веднаш до објектот што се рушеше.
Во рок од само 7 дена, ова е втора акција за рушење на дивоградба!
Апелирам до сите граѓани: почитувајте го Законот и не започнувајте со градење без соодветно Одобрение од општината.
Компромис со почитување на Законот ниту сум правел, ниту ќе правам!
-фејсбук статус на Градоначалникот на оштина Гази Баба Боби Стевковски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија