Градоначалникот на општина Пехчево Александар Китански денеска беше на терен на локацијата каде што се поставува нова урбана опрема на еко-паркот “Езерце”. Станува збор за реализација на повеќе градежно-занаетчиски работи со кои граѓаните на Пехчево ќе добијат нова модерна и динамична содржина за рекреација и одмор на сите генерации.
“Започна со реализација проектот „Партерно уредување и поставување на урбана опрема на еко – парк Езерце, Пехчево. Со проектот се предвидува подобрување на целокупниот изглед и функционалноста на просторот, уредување на зелените површини и создавање пријатно и безбедно место за одмор и рекреација на граѓаните.
Реконструкцијата ќе придонесе за збогатување на јавните и рекреативни содржини во градот и за создавање поуреден и поатрактивен простор за жителите и посетителите на Пехчево.
Посебно внимание е посветено на најмладите, со предвидени содржини и елементи прилагодени и достапни за деца со попреченост, со што се создава простор во кој сите деца ќе можат рамноправно да се дружат, играат и забавуваат.”
-напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Пехчево Александар Китански во врска со реализацијата на овој проект.
Овој проект се реализира во рамки на годишната програма за работа на Градоначалникот Китански со која се креираат подобри услови за живот на сите граѓани на Пехчево.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“