Претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево и Советник во општинскиот Совет Иван Гоцевски на последната седница на Советот на градоначалникот на оптина Делчеви му подари отпечатен Отчет за сработеното на градоначалниците од општини кои што се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Ваквиот предновогодишен подарок за делчевскиот градоначалник е со цел да се запознае со начинот за тоа како домаќински и транспарентно се креира и троши буџет од пари на сите граѓани на општината, информираат советниците од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево..
“
Нашата Советничка група како поклон за претстојните Новогодишни и Божиќни празници на Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски му подари ОТЧЕТ за сработеното од општини каде што градоначалниците се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е се со цел Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски да добие увид и знаење за тоа како домаќински и транспарентно се креира и троши еден Буџет на општина
“
-соопштија Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Делчево преку социјалните мрежи


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Кочани во нов проект од ИПА-програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија
Жител на Пробиштипското село Ратавица се здобил со физички повреди на работно место
Кавадарчанка со автомобил газела жител на с. Митрашинци па и со остар предмет го нападнала