Заблеска новогодишниот сјај во кочанскиот Градски парк. Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници Градскиот парк ќе биде местото каде нашите сограѓани ќе имаат можност да уживаат во новогодишниот амбиент, исполнет со убава енергија, насмевски и забава.
Оваа година за прв пат се организира Новогодишен базар од страна на Пролет Бар, во соработка со Општина Кочани. Во склоп на овогодинешната новогодишна организација ќе биде исполнета и музичка програма со настапи на домашни музички изведувачи.
Оваа година традиционалниот новогодишен концерт на ОМУ „Ристо Јуруков“ за прв пат ќе се одржи на отворено во Градскиот парк во деновите: 27.12.2022 во 15 часот, на 28.12.2022 во 12 часот и на 29.12.2022 во 17 часот.
ДРУГИ ОБЈАВИ
После долги години, асфалт ќе добијат улици во Индустриската зона во М. Каменица до веќе изградените деловни објекти
Голак викендов беше атракција за многу сограѓани, штета што е заборавен од надлежните институции
Во Делчево кантите за ѓубре немаат дно, исто како и власта