Преку соопштение упатено до јавноста од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ упатија повеќе прашања во врска со релациите на градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски со бугрскиот контраверзен бизнисмен Милен Врабевски.
Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево преку соопштение чиј што текст го пренесуваме во целост во продолжение го прашуваат градоначалникот Трајковски дали и кога се среќавал и која била природата на ваквите средби со споменатиот бугарски бизнимен кој што во Македонската јавност е познат по финансирања на бугарските клубови во Македонија кои носат имиња на фашистички соработници од историјата:
“ Тоа што жителите на Општина Делчево и околината не го знаат, не значи дека треба да остане необелоденето.
Градоначалникот на Општина Делчево во позадина крои многу интересни планови, кои почнаа неодамна оваа година јавно, а приватно малку поодамна.
Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево јавно го прашува Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски дали, кога и каде се среќавал со бугарскиот контроверзен бизнисмен Милен Врабевски и дали тие средби биле организирани лично од негова страна
Дали на тие средби се давани пари за неговата кампања во 2021 година за локалните избори
Доколку не знаете, да потенцираме дека Врабевски е главниот финансиер на бугарските клубови во Битола и Охрид. Во кабинетот на Стево Пендаровски лани на 27 август имало средба со бугарскиот бизнсимен Милен Врабевски. Бугарскиот тајкун Милен Врабевски, освен што е главен финансиер на бугарските контроверзни клубови , беше еден од главните гости во владата на Заев. Дезертерот Ковачевски ја продолжи традицијата како послушник на Заев, па продолжи со тоа што овозможи да се отворат бугарските контроверзни клубови без да спречи и да превземе нешто против истото.
Дали на тие средби на кои присуствувале Трајковски и Врабевски, за возврат на парите дадени за локалните избори е договорено отворање на бугарски клуб во Делчево
Затоа што таргетот на Врабевски е 20 бугарски клубови во Македонија, чие отворање е целта за промена на „свеста на Македонците“, затоа што според него Македонија е територија украдена од Бугарија, а Македонците се со испрани мозоци од југословенскиот модел
Јавно го прашуваме Градоначалникот Трајковски кога ќе се случи отворањето на бугарски клуб во Делчево, спонзориран од Милен Врабевски?
Кога да очекуваме Трајковски да ни ги просветли „испраните мозоци“?”
-стои во соопштението на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево упатено во јавност.
Во интерес на информирање на јавноста како редакција нашиот портал во врска со посочените прашања од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево упативме барање за одговори од Општина Делчево од каде добивме политички одговор без конкретни одговори на поставените прашања. Текстот на ваквиот одговор во продолжение го пренесуваме во целост:
“Единствениот одговор на манипулативните прашања, инсинуации и небулози кои доаѓаат од кујната на ДПМНЕ, е: оваа Партија да си погледне во сопствените редови и да се соочи со својата неспособност и лицемерие, а не хронично да ја замајува јавноста со конструкции.
Со вакви конструкции не можете да го нарушите угледот на градоначалниците кои работат во интерес на граѓаните. Претходно на мета со истите напади беше и градоначалникот Пекевски, сега градоначалникот Трајковски.
Конечно, „загрижените“ треба да сфатат дека тие конструкции и „тајни средби со црни пари“ се сценарија од нивното време и се начин на нивно владеење кое, за среќа, е минато. Ослободете се од „филмовите“, господа.
Во Делчево се градат капитални проекти и се решаваат децениски проблеми, тоа се приоритети и јавен интерес на граѓаните и приоритети на градоначалникот Трајковски. Вашата партиска црна агенда е, единствено, само ваш интерес.”
-стои во одговорот упатен на нашиот службен e-mail од страна на општина Делчево.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна акција „Алкохолот и воланот не се добар пар“
Иван Гоцевски: Горане Трајковски одвои 15 минути време и исплати им ги утужените надоместоци на пожарникарите кои им следуваат со закон
Во Делчево продолжува вербалната битка меѓу Градоначалникот Трајковски и Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Гоцевски