БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов на увид во инфраструктурната состојба на селото Тркање

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов изврши увид на состојбите во инфраструктурата во селото Тркање. Заедно со претставници од Секторот за градежно земјиште и со советничката од Тркање Милена Јанева, посетија неколку клучни локации во населеното место.

При теренската посета, со претставници на Месната заедница Тркање разговараше за приоритетните проекти неопходни за подобрување на инфраструктурата и на условите за живеење во Тркање. Според планирањата, наскоро ќе се отпочне со поставување  канализација, а во програмите за развој, за наредната година се влезени и активности за бетонирање и асфалтирање на неколку улици.

Градоначалникот најави дека Општината ќе продолжи активно да работи на реализација на договорените активности.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace