Во пресрет на Меѓународниот ден на човековите права, а во рамките на националната кампања „16 дена активизам против родово базирано и семејно насилство“, денеска во Јавната општинска установа библиотека „Искра“ во Кочани се одржа промоција на книгата „Азбука на семејното насилство“ од авторките проф. д-р Наташа Георгиева и проф. д-р Мирјана Јовановска Стојановска.
Настанот го отвори директорката Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, а делото го претстави Магдалена Кочовска Салтирова, библиотекар од „Искра“.
– Систематското и аналитичкото работење во областа на семејното насилство од страна на авторките резултирало со стручен материјал со богата теоретска основа базирана на научни истражувања, надополнета и со студии на случаи. Освен опис и структура на проблематиката на семејното насилство, во книгата „Азбука на семејното насилство“ се понудени и начините како тоа да се спречи. Книгата претставува лексикон со богато дефинирани поими од областа семејно насилство, што ја прави значајно четиво и за релевантните субјекти од областа, но и за секој поединец што сака да истражува и да се информира – рече во својата промотивна реч Кочовска Салтирова.
За искуството при создавањето на книгата и за сегменти од опишани случаи на семејно насилство говореа авторките Георгиева и Јовановска Стојановска.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево