Со цел да им честита за постигнатите резултати и да ги охрабри во натамошните настапи, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов денеска прими и разговараше со тимови, ученици и со нивните ментори кои остварија високи резултати на државни и се пласираа на меѓународни натпревари.
Градоначалникот се сретна со тимот роботичари „The Makbot Pioneers“ од СОУ „Гошо Викентиев“, кој на Државниот натпревар по роботика беше севкупен победник во сите категории и ќе настапува на Светското првенство кое оваа година ќе се одржи во мај во Мароко.
Средба оствари и со младите оратори од СОУ „Љупчо Сантов“, во кои е и Ивона Тодорова, победничка во категоријата најдобар оратор – избор на публиката на XI Ораторска вечер на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Градоначалникот го прими и најмладиот програмер, ученикот од ОУ „Свети Кирил и Методиј“, седмоодделенецот Владимир Грчев, кој веќе четири години е учесник на натпреварите по информатика и покажува извонредни резултати. Годинава, на Државниот натпревар по информатика (програмирање) Владимир Грчев ја освои првата награда, со 172 поени повеќе од второпласираниот натпреварувач. Следниот чекор за Грчев е Македонската јуниорска олимпијада, на која Владимир е првопоканет, односно е натпреварувач со најмногу освоени поени.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Европска недела на мобилност – дебата за сообраќајните предизвици во Кочани
Програма за 33. Издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2024
Одржана традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ во Кочани