Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево во јавноста се обратија со своја реакција во врска со лицемерието кое што пратеничката на СДСМ од Делчево го покажува во однос на грижата кон стандардот на студентите а од друга страна таа е еден од пратениците кои што за патни трошкови од собранието добила над 370 илјади денари.
“ На “загрижената” за студентите, пратеничка Соња Михаиловска од СДСМ од Делчево за 1(една) година по поднесени налози за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели и се исплатени огромни 378 964 денари
Студентите од Општина Делчево треба да знаат дека додека од Владата на СДСМ во економска криза сакаат да им го скратат и така скромниот буџет, нивната сограѓанка Соња Михаиловска од СДСМ е РЕКОРДЕР за земање на патни трошоци“
-стои во реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ упатена преку социјалните мрежи.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Се уште не е решен проблемот на трите дечиња од с. Илиово, делчевско- прес на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево
Огромен успех: Штип прогласен за Европски град на спортот во 2024 година!
Спроведена Работилница за препознавање и превенција од родово базирано насилство меѓу децата во Кочани