Пред нас се локалните избори. Ова се исклучително важни избори за иднината на Македонија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва од Штип.
-Ние предупредувавме многупати досега за доста предизвици со кои може да се соочиме, но се уште има време за акција. Со пенкалото и гласачкото ливче се одлучува судбината на твоето место, на твојата општина, но и на твојата земја, твојата татковина. Ајде сите заедно да ја создадеме приказната за Македонија. За земја на совладани предизвици, на длабока верба, големи соништа и достоинствени почетоци. Идната генерација на македонски граѓани никогаш не смее да се откажува. Ќе има времиња од нашите животи кога ќе сакаме да се откажеме, кога вие, нашиот народ и сите ние ќе си речеме попусти се нашите желби и соништа, залуден е нашиот труд. Но ова не се тие времиња. Одиме напред, гордо и достоинствено. Ваша е одлуката. Од вас зависи иднината на Македонија, рече Груевски.
Тој им порача на граѓаните дека треба да биде ставено крај на помрачувањето.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“