БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Групацијата „Алтернатива“ започнува со групни психоедукативни работилници во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Групацијата „Алтернатива“ ѝ нуди на кочанската заедница психоедукативна и психосоцијална поддршка. Тоа ќе го прави со работа во групи, категоризирани според потребите и засегнатоста од трагедијата што се случи на 16 март во Кочани.

За таа цел, синоќа се одржа средба со граѓани и професионалци на која беше претставен концептот на активностите и структурата на планираните групни работилници.

На средбата беше истакнато дека целта на стручните лица од „Алтернатива“ е да помогнат за безбедна, сигурна превенција од долгорочни последици, со техники полезни за справување со трауми.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во дискусиите со присутните беше истакнат моментот дека во нашата средина недостига култура за справување со вознемирувачки настани, состојба којашто треба да се надмине. Не само семејствата на загинатите и повредените во пожарот, туку и сите професионалци што се соочиле со трагичниот настан – полицајци, медицински лица, пожарникари, новинари, можат да се вклучат во работилниците за да се справат со емоциите создадени од траумата.

Првата работилница ќе се одржи в сабота, 24 мај 2025 година, а заинтересираните можат да се пријават кај локалната координаторка на „Алтернатива“, Кристина Димитрова, на телефонскиот број 078 313 306.   

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace