Скопската Хард Кор Метал сензација SMUT кој што важат за еден од најенергичните бендови на Балканот пред некој ден го објавија видео записот за својата најнова песна “Еден ден”
Станува збор за видео запис во режија на Владимир Митревски-Ѓуле за песна која што како сингл беше објавена оваа пролет а премиерно беше изведена на Д Фестивалот во Дојран.
Песната зборува за загубата на блискиот човек чија што болка создава ненадоместлива празнина кај луѓето. Во спотот покрај бендот се појавува и Македонската балерина Мила Ниновска која што дава посебен шмек на местериозност но и грандиозност на селокупната атмосфера на видео записот. Песната со својот бескомпромисно жесток звук- препознатлив за SMUT, надополнет со визуелизацијата за овој видео запис создава едно епско чувство на емоција и вџашеност од самата помисла на загуба која што како дел од животот никој не го поштедува. Но ритмиката и силната динамика на ритам секцијата овозможуваат ова чувство да добие своја нова игрива манифестација до ниво на експлозија која што по преслушување на траката долго останува да студи во потсвеста на секој еден фан на овој тип на музика. Како на свој начин оваа песна да сака да каже дека секое битие е минливо и менливо, но она што останува се моментите кои иако болат се вредни за преповторување повторно и повторно.
Драматичноста на гитарскиот звук проткаен со лириката на вокалот долева мултиплексност на повеќе нивоа на перцепција и сваќање, за песната да може да се нарече убав белег на оваа година која пополека не одминува.
Бендот SMUT на Македонската но и европската HC-Metal сцена постои повеќе од две ипол децении со издадени 5 албуми до сега, кои што како музички столбови го крепат времето и просторот во кои беа создавани. Македонската андерграунд сцена слободно може да се каже дека се обликуваше околу овој бенд во изминатите 25 години а SMUT важат за една од најценетите хардкор/металкор групи во овој дел од Европа.
„Еден Ден“ е последниот сингл реализиран од бендот кој што продолжува да живее преку овој видеозапис,


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
„Еј жено, храбро срце носиш“ – новата емотивна балада на Елена Велевска со моќна порака за жените
Темната историја на Ирма Грезе: Хиената од Аушвиц
Повеќе од радио фреквенција: Урбан ФМ како дигитална медиумска