Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со дел од своите најблиски соработници во текот на денешниот ден беше во работна посета на селото Јегуновце и туристичкиот центар Попова Шапка.
Во Јегуновце Мицкоски се сретна со повеќе жители на ова место, при што се запозна со нивните секојднмевни предизвици со кои се соочуваат во секојдневниот живот.
Ова е неговата објава во врска со овој настан:
Денес бев во Јегуновце, се сретнав, зборував со народот. Место каде силно се чувствуваат црнилата кои ги донесе СДСМ и Зоран Заев и го прават реалниот живот тежок, неподнослив, се случува колективна пљачка.
По улиците, сокаците во Јегуновце се поретко се слуша детскиот џагор, луѓето се иселуваат, а се иселуваат зошто овде не гледаат иднина, а таа иднина ја одзема актуелната влада.
Фабриката Југохром не работи, седи како нем сведок на лагите на актуелната влада и премиерот Зоран Заев. Пред година ипол ветуваа дека ќе најдат решение за неколку месеци, поминаа тие месеци, поминаа и години, а фабриката седи затворена. Нема ниту еколошки филтри, ниту пак луѓето се вратија на работа, а Јегуновце и регионот замира.
Дополнително за граѓаните оваа година започна со повисоки даноци со кој на удар се е огромен дел од населението правејќи го новниот живот поскап.
Народот не ја проголта лагата дека со даноците ќе земале од богатите за да даваат на сиромашните, тие всушност земаат од средната класа и сиромашните за да им врват бизнисите на власта и неколку луѓе во оваа држава да се богатат.
Ова мора да се промени. Нашата борба е за правда, за благосостојба и стандард, за квалитетно здравство и конкурентно образование, за приносно земјоделие, задоволни граѓани, за да силно изгрее зората за Македонија!
Пред тоа Претседателот Мицкоски беше во посета на Манастирот Св. Наум Чудотворец на Попова Шапка, каде се служеше света литургија во чест на овој светител.
Во продолжение ја пренесуваме неговата објава во врска со овој настан:
Денес бев во посета на манастирот Св Наум Охридски Чудотворец на Попова Шапка. На граѓаните кои го слават празникот и на присутното свештенство им го честитав денешниот православен празник со желби за благосостојба здравје и напредок. Делото на СВ Наум Охридски не учи дека просветителството, добрините и праведниот живот се вистинскиот начин кој го осветлува патот и ги победува неправдите. Нашата земја денес се соочува со бројни предизвици, граѓаните живеат тешко и во несигурност. Навидум чуството за безизлезност не смее да ја победи надежта дека може и мора подобро. Сите заедно мора да ја реализираме нашата заложба за промени кон подобро и решавање на напластените проблеми. Цврсто верувајќи во граѓаните и нивната свесност за состојбите верувам дека ќе бидат победени неправдите и дека подобрата иднина ќе дојде за сите во нашата земја.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Љутков: Вевчанскиот карневал не само што обединува, туку сведочи дека нашите обичаи и вредности се живи
Со Спасовски во МВР институциите под контрола на СДСМ се пресметуваа со вевчанци, денес челниците на опозициската партија пеат друга песна
Претходно со кордони полиција, сега лично Премиерот помеѓу Вевчанци на славниот Вевчански карневал