Поробени, но никогаш покорени“ се зборовите со кои почнува манифестот на македонските партизани кои го испраќаат до народот што во тоа време се соочил со најголемата воена агресија дотогаш. Во овие зборови е содржана суштината на поривот и пркосот што таа генерација го даде кон тогаш најголемата сила што светот ја познаваше. Во таа реченица се препознава одлучноста да се успее, и кога многу поголеми се против вас, и дека секоја битка може да се победи или да се загуби обидувајќи се да се победи, но никогаш да не се откажете дури и тогаш кога работите изгледаат безизлезни. Потребно е за сè да се има цел и мотив за борба. Слободата беше заедничката цел на луѓето од различни народи кои тогаш се обединија. Таа генерација немаше гаранција дека ќе победи, напротив, се соочуваше со удари и препреки за секоја педа за која се бореа, но останаа непокорни и на крајот победија.
Да, можеби патот не е лесен. Но е вистинскиот. И тој пат го градиме со срце, со вера и со љубов кон татковината. Секој чекор е за иднината на нашите деца, за младите што сакаат да останат, за Македонија што не се предава! Ова е времето на генерацијата што не се колеба, генерацијата што ја гради својата земја со дела, не со зборови!
Генерацијата што ја продолжува борбата започната на 11 октомври – борбата за достоинство, за правда и за слобода!
Чекориме со истата вера и со истата идеја дека Македонија е вечна додека има луѓе што ја љубат!
Македонија повторно станува! Станува земја што верува во себе, земја што создава, земја што не се плаши да сонува големи соништа!
И нека знае секој, оваа генерација нема да ја изневери Македонија!
И кога ќе се свртиме и видиме црвеното знаме со сонцето на слободата, да се сетиме дека тоа сонце изгрева само за тие што не се предаваат!
Извор: Фејсбук


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Огромен успех на Македонската дипломатија” Стигна потврда од ООН
Битиќи: Нова манипулација на Мицкоски за БДП, со инфлација од 5,7% животниот стандард паѓа.
Амфенол технолоџи Македонија организира екоакција по повод Светскиот ден за заштита на животната средина во Кочани