БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

СДСМ Карбинци во недостиг на поддршка премина на она што најдобро го знае: лаги, клевети и манипулации

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов преку социјалните мрежи упати свој остар демант на лагите, клеветите и манипулациите изнесени во јавност од страна на СДСМ Карбинци, кои се соочуваат со понижувачки мал рејтинг помеѓу електоратот кои што наредниот викенд ќе треба да гласа на локалните избори.

Во продолжение интегрално го пренесуваме демантот на градоначалникот на Карбинци Виктор Паунов:

“Почитувани, сдсм го достигнаа врвот на недостоинствено однесување во едно нормално општество. Јас Виктор Паунов ги демантирам и категорично отфрлам овие информации за поседување на сметка со ,,сериозна” сума на пари, луксузни автомобили како и недвижен имот и незнам што ли уште не! Ова е брутална лага од кујната на овие несреќни ликови од сдсм.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

А што ли друго да се очекува од нив? Тие немаат програма со која ќе излезат на избори, немаат план за решавање на се она што е важно за граѓаните и затоа единствено нешто е да се служат со вакви лаги и црни морбидни коментари.

Да си дозволи нормален човек да посакува некому лошо по своите најмили во фамилијата е нешто што ги надминува сите нормални етички, морални и човечки вредности. Ниту една политика не е вредна за некому да поскаувате сѐ најлошо!

Но ова е типично за овие луѓе и не е прв пат во знак на немоќ, кога знаат дека изборите се одамна изгубени да се служат со ваква црна морбидна кампања!

Се појавија на еден месец пред избори мислејќи дека така со лаги и лоши мисли ќе добијат поддршка, а вистината е дека ќе ги снајде дебакал од невидени размери.

Естрадни кандидати, кафекувари, коцкари на својот живот и слични турбо фолк звездички ќе останат да блескаат во својот затворен амбис!

Но, секој за својот карактер! А јас ќе продолжам да работам за мојата општина и мојот народ, сега сум повеќе мотивиран, со енергија која докажано ќе ги донесе нашите резултати за успешна општина Карбинци!”

-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на актуелниот градоначалниик на Карбинци кој што се очекува повторно да ја добие довербата на жителите на Карбинци на локалните избори на 19 октомври.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace