На местото каде биле стрелани петте струмички студенти: Мирко Пецев, Стево Топчев, Борис Белев, Ѓорги Костуранов и Ѓорги Јармов денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изрази своја длабока почит а воедно и даде своевиден завет за младите ширум Македонија за непрекината борба за нивната иднина овде во Македонија.
Денес, на овој марш имав можност да поразговарам со многу млади луѓе. Да ги слушнам нивните проблеми, но и нивните идеи и визија со што ќе ни бидат од помош при изработката на нашата програма.
Сакаме да понудиме нешто ново, авангардно, за младите, нешто што ќе значи додадена вредност во нивните животи понатаму. Нешто што ќе значи доволна провокација и мотив тие својата иднина и своите семејства да ги изграадат тука во Македонија, бидејќи нема нешто потешко од тоа да се делите од својот дом.
-напиша на фејсбук Христијан Мицкоски.
Струмичката петорка-петте струмички студенти биле на возраст од 20 до 23 години и биле студенти во Загреб.
Сите биле слебеници на идеите на ВМРО, со убедување дека Македонија (тогашна СРМ) треба да биде независна и слободна држава која ќе биде рамноправна со сите други европски држави во Европа.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина