Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денешниот ден го помина во спортско-рекреативно дружење со младите од од неколку општини од регионот на југоисточна Македонија, земајќи учество во планинарскиот марш по патеката на последната голгота на петте струмички студенти кои беа ликвидирани од страна на репресивниот државен апарат во 1951 година, заради нивните идеолошки побуди за слободна и независна Македонија.
Пецев, Белев, Јарамов, Топчев и Костуранов се петте млади животи кои што од тоа време сонуваа за Македонија која што ќе биде исправена, а не понижена и омаловажена.
Ќе се движиме по патеката каде што нивните животи, нивната судбина оди во неповрат, но со една иста идеја, а тоа било како Македонија еден ден да биде современа, модерна, горда и достоинствена држава.
Македонија е нашиот завет, нашата субина и нашата иднина. Од сите нас зависи, а Македонија мора да победи!
-напиша на фејсбук Христијан Мицкоски, споделувајќи изјава од лице место на самиот настан.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина