Во интервју за порталот Курур.мк, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја коментира ситуацијата од средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов за која во провладините медиуми се појавија лажни вести со искривена и шпекулантска пропаганда која не одговара со вистината.
Прашање (Курир.мк): Тука во Македонија средбата со Бојко Борисов крена прашина, власта ве интерпретира дека сте го прифатиле договорот со Бугарија, која е вистината?
Одговор (Христијан Мицкоски): Имав конструктивна средба со г-динот Бојко Борисов на негово барање. Средбата ја прифатив со задоволство, затоа што верувам дека потребно е да се градат мостови на соработка, а не да се создаваат конфликти. На средбата се разговараше за актуелните теми во Македонија, во Бугарија, акцент беше ставен на иднината, но исто така и на теми кои се дел од минатото на двете држави. За дел од темите имавме исти позиции но за дел различни. Помалку непријатно беше што се снимаше почетокот на средбата каде вообичаено има неформален разговор помеѓу соговорниците кои се познаваат и жалам што нашиот политички противник СДСМ, целосно извртувајќи ја вистината, преку креирање на лажни вести се обиде да ги злоупотреби граѓаните. Никаде на средбата не го споменав договорот, тоа не може да се извлече како цитат затоа што не го кажав, но еве гледаме дека може да се прават лажни вести под владината палка и да се редат зборови во уста кои јас никогаш не сум ги кажал. Инаку да, порано сум истакнал, му го кажав тоа и на г-динот Борисов, а еве ќе го повторам и сега дека имам намера да подржам се што е добро за двете земји, тоа подразбира дека без никакви дилеми подржувам економска соработка, да јакнеме трговски, да градиме соработка со соседите, културно, спортски, научно да соработуваме, доколку проценам дека Македонскиот народ и граѓаните на Македонија имаат интерес од тоа. Но воедно тоа значи и спротивното, дека никогаш нема да прифатам работи кои се на штета на Македонскиот народ и граѓаните на Македонија, непринципиелни барање, ултиматуми или компромиси со невистината за други цели. Јас дилема немам ниту за нашиот-македонецот Гоце Делчев и неговата борба за создавање на Македонска држава, ниту за посебноста на македонски јазик. Не сум човек кој прави компромиси со вистината, а најмалку на штета на Македонија.
И точно можеби сум нов во високата политика и со помала километража кога станува збор за билатералните средби, и можни се протоколарни слабости од кои учиме, но ве уверувам кога станува збор за суштината точно знам што говорам, за што се борам и какви интереси штитам и ќе продолжам да го правам тоа.
Осттанатиот дел од интервјуто на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за порталот Курир.мк прочитајте го тука.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Ген-Секот на ВМРО-ДПМНЕ со Македонските пратеници Ковачки и Мицевски одадоа почит на гробот на Јане Сандански во Пиринска Македонија
Уставниот суд со поддршка на ЕУ отвора јавна дебата за потреба од носење на Закон за Уставниот суд
Кој губи има право да се лути: На СДСМ не им се по ќејф резултатите од последните анкети за истражување на јавното мислење